ЕУ вести

Понеделник, 23 март 2015 година

Состанок на европските лидери во Брисел

Лидерите на Европската унија се состанаа на 19 и 20 март во Брисел, фокусирајќи се на главните стратешки предизвици со кои се соочува Европа: енергетиката, растот и работните места, како и нестабилноста на границите. 

Европскиот совет ги поддржа амбициозните планови на Европската комисија за енергетиката, што значи фундаментална трансформација на енергетскиот пазар на ЕУ, реформи и реорганизација на енергијата. 

Советот ја одобри и економската стратегија на Комисијата, која се фокусира на инвестиции, структурни реформи и фискална одговорност, со цел зајакнување на растот и работните места во Европа.

Беше заклучено и дека мора да започне процесот на структурни реформи за раст на европската економија. Се дискутираше и за предложеното партнерство помеѓу ЕУ и САД за трговија и инвестиции.

На состанокот стана збор и за ситуацијата надвор од европските граници, за тоа дека нестабилноста во соседството на Европа има влијание врз енергијата, миграцијата и многу повеќе.

Click