Среда, 25 јуни 2014 година
Албанија со кандидатски статус за ЕУ
Советот за општи работи на Европската унија, на вчерашниот состанок одлучи на Албанија да ѝ се додели кандидатски статус за членство во ЕУ. За започнување на официјални преговори за членство, нашиот западен сосед треба да добие препорака и од Европската комисија во рамките на прогрес-извештајот во октомври, а потоа и „зелено светло“ од Европскиот совет на Самитот во декември.