Собраниско раководство

Четврток, 25 август 2016 година

Проштална средба на претседателот Вељаноски со амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е. Вен Џеншун

Денес, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски оствари проштална средба со амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е. Вен Џеншун. Двајцата соговорници изразија длабока благодарност и задоволство поради средбата.

Во текот на разговорот беше потенцирано дека мандатот на г. Вен Џеншун бил одбележан со активно градење на пријателски односи меѓу двете земји и голема поддршка од страна на Народна Република Кина кон Република Македонија.

Амбасадорот Вен Џеншун изради длабоко сочувство за жртвите од поплавените подрачја од големото невреме кое на 6-ти август го зафати скопскиот регион, потенцирајќи дека Народна Република Кина, исто така, се соочувала со слични големи трагедии. Поради пријателството со Македонија, потенцираше тој, Народната Република Кина активно учествува во репарирање на материјалната штета во форма на донација.

Соговорниците изразија желба понатамошната соработка помеѓу Народна Република Кина и Република Македонија да продолжи со истиот позитивен тренд во насока на инвестиции, меѓународна и парламентарна соработка.

Click