Собраниско раководство

Четврток, 15 јануари 2015 година

Проштална средба на претседателот Вељаноски со американскиот амбасадор, г. Пол Волерс

На самиот почеток, двајцата соговорници изразија задоволство од денешната средба и благодарност за сите досегашни средби, кои се еден од показателите за успешната соработка меѓу двете земји. Соговорниците посочија дека соработката се одвивала на исклучително високо ниво, со заемно разбирање и пријателство.

На средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, истакна дека Република Македонија во Соединетите Американски Држави гледа голем пријател, кој секогаш излегува во пресрет на нашата држава и нејзините граѓани и се заблагодари за досегашната поддршка која ја добива Собранието на Република Македонија.

Претседателот Вељаноски изрази надеж дека и во иднина ќе продолжи поддршката која САД ѝ ја даваат на Република Македонија и дека што поскоро ќе се исполни најважната стратешка цел на Република Македонија, а тоа е членството во Нато алијансата и во Европската унија. Двајцата соговорници се согласија дека евроатланската интеграција на Република Македонија е од исклучителна важност, како за регионот така и за Европа во целост.

Амбасадорот Волерс го искажа своето задоволство од соработката со Собранието на Република Македонија и со претседателот Вељаноски која ја имал во својот мандат. Тој истакна дека во иднина се надева на зголемување на бројот на посети од страна на американските конгремени и сенатори и на тој начин да се продолжи континуитетот на соработката.

На крајот на средбата, претседателот Вељаноски му посака успешна работа на амбасадорот Волерс во неговите идни задолженија и ја потенцираше отвореноста на Собранието за соработка и за непосредна и континуирана комуникација со Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.  

Click