Собраниско раководство

Четврток, 12 февруари 2015 година

Средба на претседателот Вељаноски со Делегација на Парламентарната група за соработка со Југоисточна Европа при Бундестагот

Делегација на парламентарната група за соработка со Југоисточна Европа при Бундестагот, денеска престојува во официјална посета на Република Македонија и во рамки на посетата оствари средба со претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски. 

Делегацијата беше во состав од г. Петер Вајс, г. Јосип Јуратовиќ, г. Александер Соранто Ној, г. Рудолф Хајнц Визе, г. Дирк Фепел и г-ѓа Уте Елизабет Финк, како и амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Н.Е. Кристине Алтхаузер.            

На почетокот беше искажано заемно задоволство за остварената средба и за можноста да се разговара и да се разменат искуства и ставови.

На средбата беше разговарано за актуелните случувања во Македонија, за што Парламентарната група за соработка од Бундестагот покажа заинтересираност.

Претседателот Вељаноски укажа на важноста во комуникацијата и соработката со Германија, особено затоа што на Македонија ѝ е трговски партнер кој се наоѓа на првото место и од каде доаѓаат голем број инвестиции.

Тој, исто така, ја искажа желбата и подготвеноста на Република Македонија за влез во Европската унија и потребата од поддршка на тој пат. 

Соговорниците си упатија желби за понатамошна заедничка соработка.
Click