Собраниско раководство

Понеделник, 4 мај 2015 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КОМИСИЈАТА ЗА ДЕМОКРАТСКО ПАРТНЕРСТВО ОД КОНГРЕСОТ НА САД 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски денес оствари средба со делегација од Комисијата за демократско партнерство од Конгресот на САД предводена од поранешниот конгресмен и долгогодишен пријател и поддржувач на Република Македонија во Американскиот Конгрес, г. Ерл Померој.

На средбата беше раговарано за меѓусебната долгогодишна поддршка и соработка која постои помеѓу македонскиот парламент и Комисијата за демократско партнерство од Конгресот на САД.

Исто така, се разговараше за проекти и можности да се продлабочи соработката, како и да се развијат нови идеи од областа на демократско парламентарно работење. 

Click