Собраниско раководство

Четврток, 9 април 2015 година

Средба на претседателот Вељаноски со Делегација од Република Турција по повод Меѓународниот ден на Ромите

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со Делегација од Република Турција, во состав: г. Дурсун Али Шахин, гувернер на Едрене; г. Шабан Чобаноглу, потпретседател на Институтот „Јунус Емре“; г. Шефик Кантар, потпретседател на УКИД, Меѓународно здружение за соработка и развој; како и амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, г. Омур Солендил. Делегацијата беше придружувана од министерот без ресор, г. Неждет Мустафа.

Повод за средбата, покрај Меѓународниот ден на Ромите, беше и промоцијата на заедницата наречена Балканско-ромска унија - БАРОМ, на која г. Неждет Мустафа е претседател на раководниот одбор. Делегацијата од Република Турција е составена од претставници кои помогнале во формирањето на оваа заедница. 

На средбата се разговараше за ромската заедница во Република Македонија и нејзините права, учество и придонес во општествениот живот. Исто така, беше разговарано и за големото пријателство на Република Македонија и Република Турција.

Click