Собраниско раководство

Четврток, 12 февруари 2015 година

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Народното собрание на Република Србија, г-ѓа Маја Гојковиќ

Претседателот на Народното собрание на Република Србија, г-ѓа Маја Гојковиќ, од денеска престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски. 

Двајцата претседатели остварија средба во рамки на посетата на која се разговараше за актуелните случувања во двете земји, за меѓусебната соработка и нејзиното унапредување, како и за унапредување на односите во сите сфери.

Претседателот Вељаноски го изрази своето задоволство од посетата на г-ѓа Гојковиќ и ги потенцираше добрососедските и блиски односи кои Република Македонија и Република Србија отсекогаш ги имале.

Тој пренесе честитки за добиениот статус на земја-кандидат за членство во Европската унија од страна на Европската комисија, потенцирајќи дека Западниот Балкан припаѓа во европското семејство. Исто така, тој ја потенцираше важноста од регионалната соработка во насока на остварување на заедничките цели за европска интеграција.

Госпоѓа Гојковиќ се заблагодари за гостопримството и за поканата да ја посети Република Македонија.

Претседателката Гојковиќ ја потенцираше важноста од парламентарната соработка, не само на претседателско, туку и на ниво на работни тела, особено кога таа соработка е поттикната од заеднички конструктивни цели.

Таа истакна дека на европското интегрирање не треба да се гледа како на проширување, туку како комплетирање на европското семејство кога станува збор за Западниот Балкан.

Двајцата соговорници ја потенцираа важноста на македонското и српското малцинство во своите држави и задоволството од позитивниот придонес кој истите го даваат во општествениот живот.

Соговорниците се согласија дека и покрај пријателските односи и меѓусебната соработка која досега е остварена, постои простор и за унапредување на соработката на многу полиња. 

Click