Собраниско раководство

Понеделник, 24 ноември 2014 година

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, г. Џемил Чичек

Денеска, во рамките на официјалната посета на Република Македонија од страна на г. Џемил Чичек, претседател на Големото национално собрание на Република Турција, беше остварена заедничка средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски.

Притоа, соговорниците си упатија срдечен поздрав и искрена благодарност за остварувањето на денешната средба.

Двајцата претседатели се согласија дека меѓусебните официјални посети помеѓу Република Македонија и Република Турција, само ги потврдуваат високо развиените пријателски односи, а кон нив, исто така, придонесуваат и соработката на парламентарните групи за пријателство, како и соработката на собраниските комисии и администрацијата.

 

На средбата стана збор за актуелните состојби во двете земји и регионот. Исто така, беше потенцирана и значајната соработка којашто ја имаат Македонија и Турција во различни области, но со посебен акцент на економијата, културата и образованието и можностите за нивно понатамошно унапредување.

Претседателот Вељаноски искажа благодарност до својот колега за поддршката која Република Македонија ја добива во однос на евроатлантските интеграции, особено во однос на членството во НАТО алијансата, каде што Туција е членка.

Двајцата соговорници, исто така, потврдија дека регионалната стабилност е од исклучителна важност, а за истата и двете држави даваат значително голем придонес.

 
На средбата беше разговарано и за турската етничка заедница која живее во Република Македонија и за нејзината позитивна општествена и економска активност.

Click