Собраниско раководство

Сабота, 23 мај 2015 година, Тирана

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Собранието на Република Црна Гора, г. Ранко Кривокапиќ

На маргините на втората Пленарна сесија на Парламентарно собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува во Тирана, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со г. Ранко Кривокапиќ, претседател на Собранието на Република Црна Гора.

На средбата беше разговарано за продлабочување на соработката меѓу двата парламенти, како и за актелните состојби во двете земји и во регионот.

Беше потврдерна определбата за активно учество во работата на Парламентарното Собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, како значаен парламентарен форум за регионален дијалог и соработка.

Click