Собраниско раководство

Понеделник, 16 февруари 2015 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО  ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА, Г. АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ            

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Вељаноски денеска оствари средба со претседателот на Владата на Република Србија, г. Александар Вучиќ. На почетокот претседателот Вељаноски го искажа своето задоволство од средбата при што нагласи дека ваквите средби претставуваат потврда за добрата билатерална комуникација која ја негуваат Република Македонија и Република Србија. Претседателот Вељаноски ја истакна досегашната одлична парламентарна соработка помеѓу девете земји на која постојано се работи со меѓусебна размена на нови идеи и предлози.

Претседателот на Владата на Република Србија, г. Вучиќ заблагодарувајќи се за гостопримството, ги потенцираше добрите пријателски односи помеѓу двете земји, за што уште една потврда е денешната заедничка седница на Владите на Република Македонија и Република Србија. Премиерот Вучиќ го информираше претседателот Вељаноски за текот на разговорите и заклучоците од денешната заедничка седница на Владите при што биле потпишани неколку билатерални договори од различни области. Овие договори ќе дадат значаен придонес во подобрување на економската соработка за која двајцата соговорници се согласија дека е од исклучителна важност за двете држави и нивните граѓани.

Двајцата соговорници потенцираа дека двете држави треба да работат заеднички особено во насока на остварување на една од приоритетните цели на државите, а тоа е интегрирање на двете земји во Европската унија.

На средбата се разговараше и за актуалните случувања во двете земји и беше изразена отвореност и подготвеност за регионална соработка и продолжување на пријателството кое постои помеѓу Република Македонија и Република Србија.        

На денешната средба присуствуваа и потпретседатели и министри на Владата на Република Србија како и потпретседателите, координатори на претенички групи и пратеници на Собранието на Република Македонија.

Click