Собраниско раководство

Петок, 9 јануари 2015 година

Трета седница на Комисијата за уставни прашања

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, ја водеше денешната Трета седница на Комисијата за уставни прашања, на која на дневен ред беа текстовите на Предлогот на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI, XXXVII, XXXVIII, XXXIX И XL на Уставот на Република Македонија, со Извештај за резултатите од јавните дискусии по Нацртот на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI, XXXVII, XXXVIII и XXXIX на Уставот на Република Македонија и Предлогот на уставен закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XL на Уставот на Република Македонија.

По завршување на претресот по текстовите на Предлогот на амандманите на Уставот на Република Македонија, Комисијата усвои заклучоци, а по заклучување на претресот по Предлогот на уставен закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XL на Уставот на Република Македонија, Комисијата го проследи Предлогот на уставен закон на понатамошна постапка во Собранието на Република Македонија.
Click