Четврток, 15 септември 2016 година
Делегација на Комисијата за европски прашања во Белград
Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, во состав Лидија Димова и Сашо Василевски на 16 септември ќе учествува на Интерпарламентарна конференција на тема: „Надзор над ИПА фондовите: Успеси и предизвици", која ќе се одржи од 15 до 17 септември 2016 година во Белград, Република Србија.
На Конфренцијата ќе се расправа за искуствата и предизвиците за подобра искористеност на ИПА фондовите, преку размена на искуства и корисни практики во регионот.