Соопштенија

Среда, 7 септември 2016 година

Надзорна расправа на тема „Примената на законските и подзаконските прописи во областа на хидромелиоративните системи и хидрометеоролошките работи“

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на 53. седница, ќе одржи надзорна расправа на тема „Примената на законските и подзаконските прописи во областа на хидромелиоративните системи и хидрометеоролошките работи“.

Надзорната расправа ќе се одржи на 16 септември (петок) 2016 година, со почеток од 11.00 часот, во Сала „Борис Трајковски", во зградата на Собранието на Република Македонија, ул. „11 Октомври“ 10 Скопје.

На надзорната расправа се поканети да присуствуваат и претседателот на Собранието на Република Македонија, потпретседателите на Собранието на Република Македонија, координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија и други учесници и гости. Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе покани (30) сведоци од различни државни органи, институции, јавни претпријатија и научни институции да учествуваат на расправата и да дадат искази и одговори на членовите на Комисијата. 

Click