Петок, 5 септември 2014 година
Полагање венец свежо цвеќе
По повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија, собраниска делегација во состав: г-ѓа Даниела Рангелова, г. Љупчо Димовски, г. Авдија Пепиќ и г-ѓа Каљтрина Азизи ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот „Паднати херои за Македонија", на 8 септември (понеделник), во 11.00 часот, во паркот „Жена борец“.