Петок, 29 јули 2016 година
Положување цвеќе
По повод 2 Август - Денот на Републиката, делегации на Собранието на Република Македонија ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа:
• Собраниска делегација предводена од г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Светлана Јакимовска, г-ѓа Лидија Димова, г. Љупчо Димовски и г-ѓа Роза Топузова Каревска ќе положи венец свежо цвеќе во Скопје:
- 9.50 часот - Положување на венец свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ во парк „Жена борец“;
- 10.00 часот - Положување на венец свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Македонија;
- 10.20 часот - Положување на венец свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, прв претседател на президиумот на АСНОМ, на плоштад „Македонија“.
• Собраниска делегација во состав: г. Зоран Георгиевски, г. Иван Стоилковиќ, г. Љубиша Николиќ, г. Чедомир Саздовски и г-ѓа Солза Грчева ќе положи венец свежо цвеќе во 11.00 часот во Меморијалниот центар АСНОМ - Пелинце.
• Собраниска делегација предводена од г-ѓа Рената Дескоска, потпретседателка на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Димитар Стевананџија, г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Васко Ковачевски и г. Горан Милевски ќе положи венец свежо цвеќе во Крушево:
- 9.30 часот - гробот на Никола Карев;
- 10.00 часот - споменикот на Слива „На хероите на Слива“;
- 12.00 часот - „Мечкин Камен“.