Вторник, 16 август 2016 година
Положување цвеќе
По повод 18 Август - Ден на Армијата на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Сашо Аќимоски, г. Стефан Богоев и г. Чедомир Саздовски ќе положи венци свежо цвеќе на градските гробишта „Бутел“ на 17 август 2016 година(среда), и тоа:
- 9.00 часот- Споменик на Партизански гробишта;
- 9.10 часот-Вечен дом на загинатиот претседател и врховен командант Борис Трајковски;
- 9.25 часот- Вечен дом на починатиот претседател и врховен командант Киро Глигоров;
- 9.35 часот-Вечен дом на генерал Михаило Апостолски.