Петок, 1 август 2014 година
Положување свежо цвеќе
По повод 2 Август - Денот на Републиката, делегации на Собранието на Република Македонија ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа:
- Собраниска делегација предводена од г. Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Јасминка Дамческа и г-ѓа Лилјана Поповска, ќе положи венец свежо цвеќе во Скопје:
- 10.00 часот - споменикот на АСНОМ, Парк „Жена борец“;
- 10.10 часот - споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Македонија;
- 10.20 часот - споменикот на Методија Андонов-Ченто, прв претседател на президиумот на АСНОМ, Плоштад „Македонија“.
- Собраниска делегација предводена од г. Рафис Аљити, потпретседател на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Владимир Ѓорчев, г. Трајко Димков и г. Мирван Џемаили, ќе положи венец свежо цвеќе во 11.00 часот во Меморијалниот центар АСНОМ - Пелинце.
- Собраниска делегација предводена од г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Александар Николоски, г. Димитар Стевананџија, г. Муса Ибраими, г-ѓа Владанка Авировиќ и г-ѓа Роза Топузова-Каревска, ќе положи венец свежо цвеќе во Крушево:
- 09.30 часот - гробот на Никола Карев;
- 10.00 часот - споменикот на Слива „На хероите на Слива“;
- 12.00 часот - „Мечкин Камен“.