Петок, 11 ноември 2016 година
Положување венци свежо цвеќе
По повод 13 Ноември - Денот на ослободување на Град Скопје, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г-ѓа Марија Алексовска, г-ѓа Билјана Ивановска и г. Арсо Синадинов, на 13 ноември 2016 година (недела), ќе положи венци свежо цвеќе на:
• 10.00 часот - Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел;
• 10.30 часот - Алејата на заслужните граѓани, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Бутел;
• 11.30 часот - Споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата на Република Македонија.