Среда, 13 август 2014 година
Положување венец свежо цвеќе
По повод 18. Август - Ден на Армијата на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија, во состав Светлана Јакимовска и Владанка Авировиќ, ќе положи венец свежо цвеќе на гробиштата Бутел во Скопје и тоа:
- на Партизанските гробишта, пред вечниот дом на генерал Михајло Апостолски;
- пред вечниот дом на загинатиот претседател и врховен командант Борис Трајковски и
- пред вечниот дом на починатиот претседател и врховен командант Киро Глигоров, на 14 август 2014 година, во 10,00 часот.