Соопштенија

Понеделник, 20 јуни 2016 година

Собраниска делегација на редовната летна сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа

На редовната летна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која се одржува од 20 до 24 јуни 2016 година во Стразбур, Франција, учествува Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Александар Николоски, шеф на Делегацијата, г-ѓа Рената Дескоска, член и г.Имер Алиу, заменик-член.

Централни теми на летната сесија се миграциите и бегалската криза во Европа, односно мигрантите на ризик во Грција и функционирањето на демократските институции во Турција.

Меѓу другите точки на дневниот ред се извештаите за транспарентноста и отвореноста на европските институции, административниот притвор, културата и демократијата, образовните и културните врски на заедниците кои живеат во странство, сексуалната експлоатација на децата, жените во вооружените сили-промовирање еднаквост и ставање крај на насилството врз родова основа, парламентарниот имунитет на парламентарците во ПС на СЕ.  

На сесијата свое обраќање ќе имаат: премиерот на Грција, г. Александар Ципрас, министерот за надворешни работи на Естонија, г-ѓа Марина Калјуранд, во својство на претседавач со Комитетот на министрите, премиерот на Естонија, г. Тави Роивас, генералниот секретар на Советот на Европа, г. Торбјорн Јагланд, а ќе се разгледуваат и други актуелни теми. 
Шефот на македонската делегација во ПС на Советот на Европа на оваа сесија е поканет како потпретседател на Парламентарното собрание да претседава на попладневната сесија на 22 јуни 2016 г., кога ќе се дебатира за административниот притвор, културата и демократијата и образовните и културните врски на заедниците кои живеат во странство.   

Click