Вторник, 27 мај 2014 година
Свечено отворање на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска, заедно со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Република Македонија, г. Стефано Лазарото ќе се обратат на прес-конференција по повод свечено отворање на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија.
По прес-конференцијата, која ќе се одржи во 12.00 часот, во Мал свечен салон, ќе следува разгледување на просторот на Парламентарниот институт и кратко запознавање со неговата работа.