Собраниско раководство

Среда, 11 јули 2018 година

Доделување пофалници на вработените во Службата на Собранието 

Денеска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Талат Џафери и генералната секретарка, г-ѓа Цветанка Иванова, доделија пофалници на вработените во Службата на Собранието на Република Македонија, кои ги преземаа сите неопходни стручни, административни и технички подготовки за успешна реализација на 98-миот Рос-Рот семинар.

На покана на претседателот на Собранието на Република Македонија, а во заедничка организација со Парламентарното собрание на НАТО и со поддршка на Швајцарската Влада и ДЦАФ, настанот се одржа од 27-ми до 29-ти јуни 2018 година, во Големата сала (Купола) во Собранието на Република Македонија. 

Темата на семинарот: "Евроатланска интеграција на Западен Балкан: зајакнување на Европскиот мировен проект", обедини повеќе од 60 парламентарци од 23 земји-членки, асоцијативни членки, набљудувачи и партнери во ПС на НАТО, претседателот на Владата на Република Македонија, министри во Владата на Република Македонија, пратеници од Собранието на Република Македонија, експерти, професори, невладини организации, амбасадори и претставници на меѓународни организации во Република Македонија. Тие ја искористија можноста да дискутираат за внатрешните реформски процеси на Република Македонија и за односите на земјата со нејзините соседи, за тековните реформски процеси во сите владини сектори, за градењето на доверба и добрососедски односи, за состојбата на меѓуетничките односи, улогата на дезинформациите и дезинформациите во јавниот дискурс, како и миграциската криза и Балканската рута. 

Клучна цел на Рос-Рот семинарите е да го олесни дијалогот за прашањата на регионалната безбедност меѓу законодавците од НАТО и партнерските земји.

Click