Собраниско раководство

Петок, 28 декември 2018 година

Џафери: Горд сум на сработеното, по празниците продолжуваме со работа 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска, по повод новогодишните празници, организираше средба со вработените во собраниските служби и со пратениците.

 

„На крајот на оваа 2018 година, можам да кажам дека сум горд на сработеното во Собранието. Иако некои работи, поради објективни причини не се завршени, сепак моја оценка е дека имавме успешна година. Ви посакувам Новата 2019 година да ви биде поуспешна, да ви се исполнат сите желби и да имате среќа и благосостојба во вашите семејства и со вашите најблиски. По новогодишните и божиќните празници, да се фатиме повторно за работа и да го довршиме започнатото“, порача претседателот Џафери на новогодишниот прием.

Click