Собраниско раководство

Вторник, 25 декември 2018 година

Предновогодишно дружење на претседателот Џафери со претставниците на медиумите

Денеска претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери организираше малку поинакво, предновогодишно дружење со претставниците на медиумите. Дружењето го започна со тоа што им ја честиташе Новата 2019-та година на сите пратеници и на сите граѓани, посакувајќи им сè најубаво и исполнување на сите очекувања на личен, семеен и државен план.

Во продолжение, претседателот посочи дека 2018-та година беше година преполна со значајни настани за Републиката, односно се случи потпишувањето на Договорот од Преспа, следеше Ратификацијата во законодавниот дом, па донесувањето на Буџетот и ред други настани, сепак Собранието ги исполни очекувањата и ги заврши сите предвидени обврски и според анкетите, законодавниот дом е соодветно оценет и успеал да ја оправда својата функција. Претседателот на Собранието е во принцип оптимист и е посветен на исполнувањето на задачите, оттука доаѓа и неговиот увереност во однос на очекувањата во новата година. 

Запрашан во однос на тоа дали има потреба да  се договара со некого во однос на уставните надлежности, претседателот Џафери рече дека нема потреба од тоа бидејќи Уставот е јасен, претседателот Иванов има обврска да ги потпише изгласаните закони а бидејќи не го прави тоа, ќе биде спроведена изразената волја на Собранието. Потоа претседателот на Собранието информираше дека седницата за последната фаза од носењето на уставните амандмани е закажана за 9-ти јануари и според најавите не очекува да трае подолго од пет-шест дена.

На прашањето дали ќе има или не измени во Законот за пратеници, претседателот Џафери одговори дека одлучуваат тие, пратениците а тој, сè додека не види конкретен предлог пред себе, не може да се произнесе. На новинарското прашање дали би се кандидирал за претседател на државата, претседателот Џафери одговори дека тој е претседател на Собранието на Република Македонија и работи на реализирање на агендата и задачите на законодавниот дом.

Click