Петок, 1 март 2019 година
Работна посета на претседателот Џафери на Црна Гора
![](content/PSRM Dzaferi sliki/Dzaferi-CG 1.jpg)
![](content/PSRM Dzaferi sliki/Dzaferi-CG 2.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, во рамките на дводневната работна посета на Црна Гора, денеска присуствуваше на чинот на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Собранието на Црна Гора.
Гласањето беше едногласно и за Протоколот се изјаснија за 44 пратеници, во отсуство на пратениците од опозицијата.
![](content/PSRM Dzaferi sliki/Dzaferi-CG 3.jpg)
![](content/PSRM Dzaferi sliki/dzaferi-CG-4.jpg)
По ратификацијата, ПСРСМ Талат Џафери имаше билатерална средба со неговиот домаќин, претседателот на Собранието на Црна Гора, г. Иван Брајовиќ а дадоа и заеднички изјави за медиумите.