Собраниско раководство

Среда, 16 јануари 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со чешкиот амбасадор, Н.Е. Мирослав Томан

Денес, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери оствари работна средба со чешкиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Мирослав Томан. Амбасадорот Томан, ја искористи оваа прилика да му честита на претседателот Џафери за исполнувањето на овој дел од Преспанскиот договор и воедно изрази искрени желби за позитивен исход и од страна на грчкиот парламент откако беше накратко информиран од претседателот на Собранието за досегашните активности кои што се одвиваа во законодавниот дом. Претседателот Џафери истакна дека како држава ги изодуваме последните чекори пред конечното исполнување на условите кои ќе овозможат постигнување на стратешките цели на нашата земја, а тоа е полноправно членство во НАТО и ЕУ, при што се заблагодари на несебичната поддршка што ја добиваме од нашите меѓународните партнери и пријатели.

Click