Собраниско раководство

Среда, 16 јануари 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со францускиот амбасадор Тимоние 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери денес оствари работна средба со францускиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е.Г. Кристијан Тимоние. На средбата соговорниците разговараа за последните актуелности во законодавниот дом по усвојувањето на уставните измени и за очекуваните исходи од другата страна потписничка на Договорот од Преспа, во насока на заокружување на следните фази од имплементацијата, со што ќе се овозможи исполнување на условите за постигнување на стратешките цели на нашата земја уште од нејзиното осамостојување, односно полноправно членство во НАТО и ЕУ. Оваа средба е во рамките на предвидените средби со амбасадорите на земјите членки на НАТО. 

Click