Собраниско раководство

Понеделник, 23 јули 2018 година

СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - УЧЕСНИК ВО ДОБРОТВОРНА КАМПАЊА „МАКЕДОНИЈА ТИ СИ СОНЦОЦВЕТ“

Од денеска и Собранието на Република Македонија активно се вклучи во добротворната кампања „Македонија ти си сонцоцвет“, којашто има за цел да им помогне на децата хоспитализирани на Клиниката за онкологија во Државната болница „Мајка Tереза“, болни од болести на крвта, канцер и леукемија.

Кампањата се одвива преку купување на маичка со слика на сонцоцвет, која чини 1.230 денари и сите финансии од купувањето на оваа маичка директно се донираат за споменатата цел.

На настанот, којшто се одржа во Сала „Македонија“ учествуваа сите 120 пратеници од Собранието, претставувајќи ги сите граѓани на Република Македонија.

Овој настан, уште еднаш ја потврди волјата и желбата на сите пратеници активно да учествуваат во кампањи со кои се помага на оние на кои им е најпотребно. 


Повеќе информации на: https://youareasunflower.org/?lang=en

Click