Собраниско раководство

Понеделник, 29 мај 2017 година

Средба на претседателот Џафери со амбасадорот на Кралството Белгија, г. Франсоа Бонтан

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари официјална средба со амбасадорот на Кралството Белгија во Република Македонија, г. Франсоа Бонтан. 

На почетокот од средбата амбасадорот  му упати искрени честитки за неговиот избор на функцијата претседател на Собранието на Република Македонија и му посака успех во извршувањето на одговорната функција. 

Амбасадорот Бонтан ја подвлече натамошната подготвеност на Кралството Белгија да одржува, развива и негува потесни билатерални врски со Република Македонија на билатерален план, како во процесите на евроинтеграцијата на Република Македонија, така и меѓу парламентите на двете земји. Тој изрази уверување и очекување дека во наредниот период ќе дојде до стабилизација на државата на политички план, со што ќе се создадат продуктивни услови за заживување и на економските врски, особено на планот на белгиските инвестиции во земјата. 

Господин Џафери, искрено заблагодарувајќи се на честитките, го запозна амбасадорот со последните подговотвки за утрешната седница кога се очекува да биде избрана новата влада, по што ќе следи формирање на работните тела на Собранието, делегациите и пратеничките групи за соработка со парламенти на одделни држави, а потоа и законски измени во контекст на локалните избори наесен. 

Истовремено, го запозна амбасадорот дека и во овој пратенички состав, меѓу другите, ќе биде формирана и Пратеничка група за соработка со парламентот на Кралството Белгија, со што ќе продолжи натамошното продлабочување на поблиски меѓупарламентарни врски. 

Соговорниците разменија видувања за демократијата како цивилизациска придобивка која во парламентарното работење не смее да се злоупотребува, туку треба да биде услов за да се овозможи конструктивна дебата на сите политички фактори во законодавниот дом, место каде што нема толеранција за каква било форма на насилство. Правењето компромиси не смее да се користи како средство за попречување на процесите, туку како метод на заедничко работење и заедничка соработка во функција на целосен општествен напредок, со цел да се реализираат, пред сè, очекувањата и интересите на граѓаните.  

Изразувајќи поддршка за понатамошна поблиска и поинтензивна меѓупарламентарна соработка, соговорниците се согласија дека воспоставените пријателски односи меѓу Република Македонија и Кралството Белгија треба и натаму да продолжат да се негуваат со силна посветеност и меѓусебна доверба. 

Click