Собраниско раководство

Петок, 5 јули 2019 година

Средба на претседателот Џафери со директорот на Комисијата за социјални развојни работи на Секинескиот народен конгрес, г. Хе Јитинг 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, придружуван од генералниот секретар г-ѓа Цветанка Иванова, оствари средба со директорот на Комисијата за социјални развојни работи на Секинескиот народен конгрес, г. Хе Јитинг, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. 

На средбата беа поздравени пријателските односи кои се развиваат во духот на меѓусебното разбирање и взаемното почитување на  суверенитетот, територијалниот интегритет и рамноправноста на двете земји.

Директорот Хе информираше за работата на Комисијата за социјални развојни работи, како една од десетте комисии на Секинескиот народен конгрес, која се занимава со прашања на вработувањето, социјалната заштита, безбедноста при работа, заштитата на правата на жените и децата, и тоа преку својата законодавна и преку надзорната функција за спроведување на донесената регулатива. Претседателот Џафери се осврна на новиот закон за социјална заштита донесен од Собранието, со кој се зголемуваат обврските на институциите за одредени категории на граѓани и изрази спремност за споделување на искуства во решавањето на одредени прашања од социјалната сфера. 

Двете страни се согласија дека директните средби и размената на мислења и искуства значително придонесуваат за унапредување на пријателските врски меѓу двете држави и за создавање на поволен амбиент за соработка во различни области од заеднички интерес.

Click