Собраниско раководство

Четврток, 23 август 2018 година

Средба на претседателот Џафери со германскиот европратеник Рајнхард Бутикофер

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со европратеникот од Сојузна Република Германија, г. Рајнхард Бутикофер, претставник на Групата на зелените/Европската слободна алијанса и член на групата Пријатели на Македонија во Европскиот парламент. На состанокот присуствуваа и пратеничките од Собранието на Република Македонија, г-ѓа Лилјана Поповска и г-ѓа Маја Морачанин. 

Претседателот Џафери изрази задоволство од средбата, која се реализира во момент кога се заокружуваат напорите за евроатлантските интеграции на Република Македонија. Претседателот Џафери ја констатираше одличната и континуирана соработка меѓу Собранието на Република Македонија и Европскиот парламент, силен поддржувач на евроинтеграциските процеси на земјата. Истата ќе бележи на интензитет во септември оваа година, кога Собранието ќе биде заеднички организатор и домаќин на 15-тиот Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет- Република Македонија и Европската унија и на Конференцијата на млади политички лидери од Западен Балкан. Тој исто така ги поздрави интензивните билатерални односи со Сојузна Република Германија, силен поддржувач на обединувањето на европскиот континент и наш значаен партнер на патот за членство во ЕУ, како и иницијативата на канцеларката Меркел од 2014 година за отпочнување на Берлинскиот процес, особено иницијативата за основањето на младинската канцеларија РИКО, каде Македонија има свое активно учество. 

Господин Бутикофер, заблагодаруваќи се реализираната средба, истакна дека Собранието има значајна улога во остварувањето напредок во евроинтеграциските процеси. Тој нагласи дека развојот на Западен Балкан не може да биде игнориран и дека ЕУ споделува заеднички интерес за одржлив развој, владеење на правото и политичка стабилност на регионот, но и дека изјавите за стопирање на проширувањето на ЕУ сега се променети во насока на отворање на вратите за членство во ЕУ за целиот регион. Г. Бутикофер ги пофали сите напори кои беа направени во рамките на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ и акцентот кој беше ставен на интеграциските процеси на земјите од Западен Балкан. 

Господин Бутикофер, му посака успешен референдум отворена поддршка од европските пријатели затоа што позитивниот резултат на референдумот е придобивка не само за граѓаните на Република Македонија туку и за граѓаните на Европска Унија.





















Click