Собраниско раководство

Понеделник, 3 септември 2018 година

Средба на претседателот Џафери со Јан Петерсен, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за референдумот 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, оствари средба со шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за референдумот, амбасадорот Јан Петерсен.

Претседателот Џафери изрази задоволство што ОБСЕ/ОДИХР одлучи да испрати Мисија за набљудување на референдумот на 30 септември 2018 година и оцени дека следењето на спроведувањето на референдумот од страна на оваа организација е од исклучителна важност за поттикнување на довербата во референдумскиот процес. 

Тој нагласи дека во Република Македонија високо се цени улогата на ОБСЕ/ОДИХР, а голем дел од препораките од предходните извештаи се вклучени во Изборниот законик. Информираше за улогата на Собранието на Република Македонија, како овластен предлагач на референдумот и носител на јавната пропаганда, како и за претстојните собраниски активности во пресрет на референдумот.

Амбасадорот Петерсен даде осврт на активностите на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и нагласи дека нејзината улогата е да го набљудува целиот процес на спроведување на референдумот, почнувајќи од јавната пропаганда, нејзиното финансирање и медиумското покривање. Тој информираше дека тим од 13 експерти, 20 долгорочни набљудувачи и околу 250 краткорочни набљудувачи ќе го следи референдумот и ќе оценува дали истиот се одвива во демократска атмосфера и во целосна согласност со заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни обврски и стандарди, како и со националното законодавство. Нагласувајќи го искуството на ОБСЕ/ОДИХР, која досега набљудувала 17 изборни процеси и еден референдум во земјава, амбасадорот Петерсен нагласи дека Набљудувачката мисија за референдумот во целост ќе ја зачува својата непристрасност во процесот на набљудување.

Click