Собраниско раководство

Понеделник, 30 јули 2018 година

Средба на претседателот Џафери со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија

Денеска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, ја прими во својот кабинет г-ѓа Рејчел Галовеј, новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија.

На средбата, двајцата соговорници се согласија дека на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете земји, се потврдува поддршката што Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска ѝ ја дава безрезервно на Република Македонија во нејзините евроатлантски интеграциски процеси, како и генералниот придонес на оваа пријателска земја во развојот на нашата држава во текот на целиот период, од осамостојувањето до денес.

Click