Собраниско раководство

Петок, 19 јули 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПОЛ ФУФЕР, ВИСОК ПРЕТСТАВНИК НА КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА ЈУЖНА И ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА ВО СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

Во рамките на Форумот за демократското партнерство на Претставничкиот дом на САД, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, заедно со потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија Фросина Ташевска Ременски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, остварија средба и со Пол Фуфер, висок претставник на канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт Департментот.

На средбата, претседателот Џафери констатираше дека Република Северна Македонија и САД се земји кои негуваат одлични и цврсти пријателски односи засновани на стратегиско партнерство, а потврда за тоа е активниот политички дијалог и официјалните посети на сите нивоа. Исто така, тој изрази задоволство од интензивната парламентарна соработка, која се одвива успешно и во континуитет, со значителна размена на парламентарни делегации во двете земји.

Претседателот Џафери ги потврди напорите што ги прави Република Северна Македонија на својот евроатланскиот пат, посветено работејќи на имплементацијата на реформите во делот на владеењето на правото, борбата со корупцијата, реформи на безбедносните служби, јавната администрација и изградбата на едно општество за сите. Ќе продолжиме со активностите, со кои ќе ја оправдаме поддршката од нашите меѓународни пријатели, за да го добиеме и долго очекуваниот датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ во октомври оваа година, истакна Џафери.

Во однос на интеграцијата на земјата во НАТО, претседателот Џафери нагласи дека брзината на ратификацијата на Пристапниот протокол за членство на земјата  во Алијансата во националните парламенти на земјите членки, поточно завршениот процес на ратификацијата во парламентите на 21 земја членка и фактот дека ратификацијата е во парламентарна процедура уште во 4 земји членки, за нас претставува голема поддршка и показател за исправноста на чекорите преземени од страна на Владата и актуелното парламентарно мнозинство во Република Северна Македонија во изминатите години.

Г. Фуфер ги поздрави одлучните чекори што ги направи Република Северна Македонија со потпишувањето на Преспанскиот договор, како и со потпишувањето на Договорот со Бугарија како показател на огромна храброст и мудрост. Од тие причини, земјата заслужува да биде наградена за своите напори и да ги започне преговорите за членство во Европската Унија, за што посочи дека иако САД не е дел од Унијата, целосно ја дава својата поддршка за што поскоро членство на Република Северна Македонија во ЕУ. Во контекст на НАТО, г. Фуфер исто така заклучи дека динамиката на процесот на ратификација бележи навистина импресивен интензитет, посочувајќи дека процедурата во САД ќе биде наскоро завршена, со надеж дека до Самитот на НАТО на крајот на оваа година, Република Северна Македонија ќе стане 30-та земја членка на Алијансата.

Делегацијата во текот на посетата, исто така оствари средба и со високиот претставник на Комитетот за надворешни работи на САД, Дамјан Марфи. 

Click