Собраниско раководство

Четврток, 7 ноември 2019 година

Средба на претседателот Џафери со поранешниот генерален секретар на Сојузното собрание на Швајцарија, д-р Кристоф Ланц

Денеска претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со поранешниот Генерален секретар на Сојузното собрание на Швајцарија д-р Кристоф Ланц и главен технички консултант на СДЦ за Програмата за парламентарна поддршка. На средбата присуствуваа генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова, швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада и Роберт Скот Хејзлет претставник од НДИ.

На почетокот на средбата, претседателот Џафери се заблагодари за континуираната поддршка од страна на Швајцарија, и изрази задоволство од досегашната соработка за проектот „Програма за Парламентарна Поддршка“ кој ќе ги подржува напорите за независност на Собранието, преку градење консензус, структурни реформи и капацитети за институционален развој, зајакнување на законодавната и надзорната улога, институционалната транспарентност и отчетност. Претседателот Џафери ги потенцираше проектите кои успешно се реализираат во Собранието при што подвлече дека неговите заложби, заедно со потпретседателите, генералната секретарка и замениците на генералната секретарка се во насока на креирање на трајни позитивни промени кои се значајни најмногу за граѓаните на Република Северна Македонија.

Генералната секретарка Иванова ја потврди силната поддршка од раководството на законодавниот дом за реализирање на овој проект, при што информираше дека веќе се започнати неколку фази од неговата реализација.

Поранешниот генерален секретар на Сојузното собрание на Швајцарија д-р Кристоф Ланц, упати честитка за отпочнувањето на проектот и за добрата волја за соработка на членовите во насока на зголемување на транспарентноста, ефикасноста и демократијата на Собранието како клучна институција во секоја земја. Тој искажа големо задоволство што своето богато практично искуство од долгогодишното работење ќе може да го применува во овој проект. Истакна дека е горд што Северна Македонија е одбрана како земја во која Швајцарија се вложува со своите проекти и верува во позитивен исход.

Амбасадорката на Швајцарската конфедерација, г-ѓа Техада истакна дека би сакала да постои добра синергија во работата на сите актуелни проекти, сметајќи дека таквиот начин на широка соработка ќе придонесе за успешно Собрание.

Click