Собраниско раководство

Петок, 21 септември 2018 година

Средба на претседателот Џафери со потпретседателот на Европскиот Парламент, г. Фабио Масимо Касталдо

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери се сретна со потпретседателот на Европскиот Парламент, Фабио Масимо Касталдо, кој учествуваше на Конференцијата на млади лидери, организирана од Собранието на Република Македонија и Европскиот парламент, за политичкото учество на младите и младинските политики со пратеници од Западен Балкан. 

Претседателот Џафери изрази благодарност до Европскиот парламент за поддршката што во континуитет се изразува за нашиот европски интеграциски процес, со што покажуваат дека цврсто стојат зад нашите стратешки цели. Во продолжение, го информираше за сите преземени активности во изминатиот период за зголемување на видливоста на законодавниот дом, што придонесе за зголемување на рејтингот на Собранието во јавноста. Истакнувајќи дека се наоѓаме во историски момент, после речиси три децении да стигнеме пред вратите на Европската унија, претседателот го запозна г. Касталдо и со подготовките околу претстојниот референдум кои Собранието ги презема како овластен носител на активностите.  

Потпретседателот Касталдо ја поздрави посветеноста на институциите за надминување на пречките и постигнување на напредок, при тоа истакнувајќи ја виталната улога на Собранието. Тој ја повтори спремноста на Европскиот парламент да продолжи да биде клучен подржувач и партнер на Собранието на Република Македонија и во иднина, и на политичко и на експертско ниво. Во однос на претстојниот референдум, г. Касталдо истакна дека е важно граѓаните да излезат и да го искажат својот став, а бојкотот на референдумот го смета за бојкот на демократијата.

Click