Собраниско раководство

Вторник, 31 јули 2018 година

Средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со  претставници на медиумите

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, на редовната месечна средба со акредитираните новинари, најави дека пратениците до 20 август се слободни, по што до 10 септември, кога почнува предреферендумската кампања, треба да се завршат сите обврски кои стојат пред законодавниот дом. 

Има низа прашања од областа на изборите и именувањата, како што се комлетирање на регулаторните тела, комисиите, избор на директор на ОТА, кои треба да завршат.

Во процес е изработката на буџетот на сите институции за наредната година, а утре, најави Џафери, ќе се состане Буџетскиот совет. Досега се одржани 57 седници, десетина се незавршени, но дел од нив веќе ја изгубија смислата за одржување.

Претседателот на Собранието најави дека на координација со Пратеничките групи ќе се договора за овие точки и седници.

За прашањето за објавување на Законот за ратификација на Договорот со Грција, Џафери рече дека одлуката Собранието ја донесе и дека посоодветно е објавувањето во „Службен весник“ да биде по референдумот, кога ќе го имаме и мислењето на граѓаните.

Најмалку е потребно, изјави претседателот на Собранието, да има предвремени избори и затоа не треба да се занимаваме со хипотетички прашања. Сите треба да придонесеме за реализирање на она што е во интерес на граѓаните и на државата. Џафери посочи дека отсекогаш бил оптимист и им верува на граѓаните, кои на сите досегашни анкети, во мнозинство од околу 80%, покажале дека сакаат да бидат дел од ЕУ и НАТО.  

Click