Понеделник, 11 февруари 2019 година
Средба на претседателот Џафери со претседателот на Државниот Збор, г. Дејан Жидан
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, и делегацијата составена од претседателката и членовите на Пратеничката група за соработка на Собранието на Република Македонија со Парламентот на Република Словенија, г-ѓа Фросина Ташевска Ременски, г-ѓа Нада Ципушева и г-ѓа Шпреса Хадри, својата официјална посета во Република Словенија ја започнаа со средбата со домаќинот, претседателот на Државниот збор на Република Словенија, г. Дејан Жидан.