Понеделник, 12 март 2018 година
Седница по повод 75 години од депортацијата на Евреите од Република Македонија во логорот на смртта Треблинка
Денеска, Собранието на Република Македонија одржа седница по повод 75 години од депортацијата на Евреите од Република Македонија во логорот на смртта Треблинка. На седницата беа поканети претседателот на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија, министрите во Владата на Република Македонија, претставниците на верските заедници и религиозни групи во Република Македонија, дипломатскиот кор, делегација од Босна и Херцеговина, делегација од Државата Израел, делегација од Република Романија, делегација од Република Полска, делегација од САД, како и делегации од еврејски институции и заедници.