СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА ...

Четврток, 10 октомври 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА, МАРЈАН ШАРЕЦ

Посакувајќи му топло добредојде и изразувајќи задоволство од повторната средба, претседателот Џафери ја искажа благодарноста за континуираната помош и поддршка на Република Словенија во остварувањето на нашите стратешки цели за членство во НАТО и ЕУ. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Црна Гор...

Среда, 2 октомври 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Црна Гора, г. Мило Ѓукановиќ

Во рамките на официјалната посета на г. Мило Ѓукановиќ, претседател на Црна Гора на Република Северна Македонија, во Собранието се одржа средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери. На средбата присуствуваа и пратениците од Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора: г-ѓа Лилјана Кузмановска, претседател на Групата и членовите, г. Благојче Трпевски и г-ѓа Мирсада Емини-Хасани.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ВИСОКИОТ КОМЕСАР ЗА НАЦИО...

Среда, 2 октомври 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ВИСОКИОТ КОМЕСАР ЗА НАЦИОНАЛНИ МАЛЦИНСТВА НА ОБСЕ ЛАМБЕРТО ЗАНИЕР

Претседателот Џафери нагласи дека во Република Северна Македонија високо се цени константната соработка и ангажманот на Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ. Тој оцени дека земјата е на добар пат во целост да ги исполни одредбите на ОБСЕ, иако сè уште постојат одделни негативни перцепции, особено на ниво на локалните самоуправи. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Кристин Форсгрен Бен...

Вторник, 1 октомври 2019 година

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Кристин Форсгрен Бенгтсон, амбасадор на Кралството Шведска во Република Северна Македонија

Претседателот Џафери и посака топло добредојде во Република Северна Македонија, со желби за успешен амбасадорски мандат и подвлече дека, со Амбасадата на Кралството Шведска во Скопје, континуирано имаме многу блиска и конструктивна соработка. 

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕВРОП...

Понеделник, 30 септември 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПАПАДИМУЛИС

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со потпретседателот на Европскиот парламент од Република Грција, г. Димитриос Пападимулис. Претседателот Џафери изрази задоволство од повторната средба со него како потпретседател на Европскиот парламент и му го честиташе реизборот на оваа функција и во овој парламентарен состав. 

Прочитај повеќе

Претседателот Џафери одржа предавање на Правниот факултет в...

Четврток, 26 септември 2019 година

Претседателот Џафери одржа предавање на Правниот факултет во Казахстан 

"...Парламентарната дипломатија е комплементарна со традиционалната дипломатија, а не нејзин конкурент. Парламентарците секако немаат намера да го заземат местото на извршната власт или да се мешаат во нејзините иницијативи. Но, мора да се напомене дека парламентарната дипломатија е попрагматична и пофлексибилна, бидејќи парламентарците имаат „слобода на маневар“ што понекогаш им недостасува на владите или дипломатите. Парламентарците (и од власта и од опозицијата) се во идеална положба да градат мостови меѓу спротивставените страни, бидејќи имаат можност да разгледуваат ставови што официјалните претставници на владите не се во можност (или подготвени) да ги пренесат..."
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателката на Сенато...

Четврток, 26 септември 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателката на Сенатот на Парламентот на Република Казахстан, Назарбаева

На средбата стана збор за улогата на парламентарната дипломатија и потребата за зголемување на улогата на парламентите во надворешните работи и меѓународните односи. Џафери и Назарбаева се согласија дека, постојат бројни можности за натамошно унапредување на соработката меѓу двата парламенти, како на билатерално ниво меѓу претседателите, комисиите и парламентарните групи за соработка, така и во рамките на мултилатералните форуми. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со премиерот на Република Ка...

Среда, 25 септември 2019 година

Средба на претседателот Џафери со премиерот на Република Казахстан, Аскар Мамин

Во рамките на официјалната посета на Република Казахстан, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, придружуван од пратеникот Енес Ибрахим, оствари средба со премиерот на Република Казахстан, Аскар Мамин.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Мажилисо...

Среда, 25 септември 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Мажилисот Нигматулин

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, придружуван од пратеникот Енес Ибрахим, на 25 и 26 септември 2019 година престојува во официјална посета на Република Казахстан, на покана од Нурлан Нигматулин, претседател на Мажилисот (Долниот дом) на Парламентот на Република Казахстан.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Парламен...

Понеделник, 23 септември 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Церетели

Во рамките на Четвртиот состанок на претседателите на парламентите на земјите од Евроазија на тема: „Голема Евроазија: Дијалог. Доверба. Партнерство“, што се одржува на 23 и 24 септември 2019 година во Нур-Султан, Република Казахстан, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, оствари средба со претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Георге Церетели. На средбата присуствуваа, Енес Ибрахим, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија и Паскал Ализар, потпретседател на ПС на ОБСЕ и сенатор од Франција.

Прочитај повеќе
1...567...40                                         
Click