Собраниско раководство

Четврток, 3 мај 2018 година

Изјава на претседателот Џафери по повод потпишувањето Меморандум за соработка за спроведување на Проектот „Развој на парламентарен и независен надзор“

Почитуван г. Томас Гербер, 
Почитуван г. Ремилард,  
Почитувани претставници на медиумите, 
Почитувани граѓани, 

Ми претставува искрено задоволство да соопштам дека започнуваме стратешко партнерство со ДЦАФ преку потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Собранието и ДЦАФ, со кој што меморандум имаме за цел да постигнеме: 

  • зголемена будност и соодветна експертиза за надзор и барање одговорност од разузнавачките служби  од страна на пратениците и службата во Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање, Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана и Комисија за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија за надзор врз разузнавањето; 
  • развој на вештини во насока на пополнување на празнините во знаењето и придонесување кон развојот на капацитети за независна анализа во рамките на Комисиите;
  • зајакната способност на овие комисии да планираат и извршуваат ефикасни надзорни активности. 

Ова стратешко партнерство подразбира и финансиска поддршка од страна на ДЦАФ  во висина од 452.244 швајцарски франци за периодот 2017 - 2020 година, а спроведувањето и планирањето на Проектот ќе го врши Управувачка група во рамките на Парламентот, составена од генералниот секретар на Собранието и претседателите на трите Комисии.

Евроатланската интеграција на Република Македонија е врвен приоритет за нас како парламентарно мнозинство и Влада, и истата подразбира темелни реформи во безбедносниот и разузнавачкиот сектор во институциите коишто имаат мандат да вршат надзор и контрола, што подразбира зајакнување на капацитетите за надзор врз разузнавањето на Собранието. Активностите од овој Меморандум се уште една потврда за евидентно засилените напори за наше членство во Европската Унија и НАТО и враќање на довербата на јавноста во институциите на државата. 

Click