Собраниско раководство

Сабота, 26 мај 2018, Тирана 

Обраќање на претседателот Џафери на 15. Средба на Југоисточна Европа на Првата сесија 

Почитувани пријатели,
Дами и господа,

Дозволете најпрво да изразам искрено задоволство за организирање на ваков величествен собир. Средбите на Утринските молитви се инспиративна традиција која ги пренесува вредностите на вера, мир и љубов, и токму овие се суштинските вредности кои се потребни на човештвото за да се справи успешно со глобалните предизвици на 21-виот век. Факт е дека секој ден сѐ повеќе се создава глобален контекст на човековата егзистенција, било во економски, политички, културен или религиски контекст. Затоа, ценам дека Молитвениот појадок е можност за размена на искуства, ставови или наши убедувања во однос на актуелните глобални развои и предизвиците што тие ги носат, како и истовремено да ја изразиме нашата благодарност за благосостојбата, пријателството и реципрочната соработка. 

Почитувани дами и господа, 

Се радувам што Молитвениот појадок оваа година го допира прашањето на љубовта и почитта кон соседот, затоа што Република Македонија со формирањето на новата Влада, е ориентирана токму кон градењето на меѓусебното разбирање и добрососедските односи. Во оваа насока, сега веќе имаме потпишано Договор за пријателство и добрососедство со Република Бугарија, и ги имаме интензивирано разговорите со Република Грција, како и сме иницирале реципрочни посети со другите соседни држави. Ценам дека сега повеќе од кога било нашиот регион има потреба од економска и политичка стабилност, и тоа може да се постигне само преку меѓусебна соработка, како на билатерален така и на мултилатерален аспект.Последните глобални предизвици кои ги опфатија нашите држави, како што беше бегалскиот бран и последните позитивни политички развои, се доказ повеќе дека нашите земји од ден на ден чекорат сигурно кон вратите на Евроатланската интеграција

Почитувани пријатели, 

Дозволете ми на крај да истакнам уште еднаш дека со меѓусебна доверба и почитувајќи го диверзитетот како најголемо богатство што го поседуваме, ќе успееме побрзо да ги исполниме нашите заеднички стратешки цели, како што е интегрирањето во Европската Унија и НАТО. 

Господ да не благослови и да ни овозможи како нации и ако држави да постигнеме уште поголема мудрост во текот на нашиот заеднички пат.

Ви благодарам на вниманието! 

Click