Понеделник, 8 октомври 2018 година
Доделување на државната награда „11 Октомври“
На 11 октомври 2018 година (четврток), во Свечената - кристална сала на Собранието на Република Македонија, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели наградата „11 Октомври“ за 2018 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.
Наградата за животно дело во областа на културата и уметноста им се доделува на:
- проф.д-р Драги Михајловски, преведувач и писател;
- Ристо Лазаров, писател и новинар;
- Петре Арсовски, актер
Наградата за животно дело во областа на здравството, му се доделува на:
- проф.д-р Александар Ставридис, хирург-уролог
Државната награда „11 Октомври“ на добитниците ќе им ја врачи претседателот на Одборот, проф.д-р Драги Ѓорѓиев.