Соопштенија

Среда, 15 мај 2019 година

Доделување награда на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија, на 17 мај 2019 година, во Сала „Борис Трајковски“ од 11:00 до 13:00 часот, на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата, ќе ѝ биде доделена награда за поддржувач на годината.

Иницијатор на оваа идеја е Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија.

Покрај членовите на Интерпартиската група, на настанот се поканети и: претседателот на Собранието, генералниот секретар и сите пратеници, како и претставници на дипломатскиот кор, организациите членки на Националната мрежа и медиумите.

На настанот ќе биде прикажано и кусо видео од пратениците членови на Интерпартиската група.

Click