Соопштенија

Среда, 11 септември 2019 година

Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Северна Македонија на својата Десетта седница закажана на 12 септември 2019 година (четврток), во 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ во Собранието, ќе одржи Јавна расправа на тема: Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2018 година.

Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на јавната расправа поканети се сите пратеници на Собранието, министeрката за труд и социјална политика, координаторките за еднакви можности на Министерствата, локалните Комисии за еднакви можности (претседателки и координаторки), градоначалниците, претставници на Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, Државниот завод за статистика, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, Агенцијата за вработување на РСМ, ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, Заедницата на единиците на локалната самоуправа на РСМ - ЗЕЛС, канцеларијата на Националниот механизам на жртви на трговија со луѓе при МТСП, Институтот за родови студии, потоа претставници на меѓународните организации, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women), ОБСЕ, НДИ, ИРИ, ИОМ, претставници на НВО секторот од оваа област, експерти, како и претставници на Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

Click