Соопштенија

Петок, 26 јануари 2018 година

Јавна расправа на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на 4. седница, ќе одржи Јавна расправа на тема: Ефектите од примената на Законот за минерални суровини врз животната средина и економијата. Јавната расправа ќе се одржи на 1 февруари (четврток) 2018 година, со почеток од 12.00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, во зградата на Собранието на Република Македонија.

Комисијата за економски прашања покани претставници од различни организации, институции, здруженија и асоцијации, да учествуваат на расправата и да дадат свои мислења и ставови во врска со темата на јавната расправа.

Вашиот медиум е поканет да присуствува на расправата и да го покрие настанот.

За дополнителни информации, контактирајте ги службените лица: Оливера Тренговска на телефон 02 3182-432 и Данчо Јаневски на телефон: 02 3182-409; или на е-пошта: kekon@sobranie.mk.

Click