Соопштенија

Понеделник,  29 јануари 2018 година

Јавна расправа на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на 11. седница, ќе одржи Јавна расправа по: Предлог-закон за следење на комуникациите и Предлог-закон за Оперативно-техничка агенција.

Јавната расправа ќе се одржи на 2 февруари (петок) 2018 година, со почеток од 10.00-15.00 часот, во сала „Борис Трајковски“ во зградата на Собранието на Република Македонија.

Комисијата за одбрана и безбедност покани претставници од различни организации, институции, експерти од областа на одбраната и безбедноста, да учествуваат на расправата и да дадат свои мислења и ставови во врска со темата на јавната расправа.

Вашиот медиум е поканет да присуствува на расправата и да го покрие настанот.

За дополнителни информации, контактирајте ги службените лица: Петар Митковски и Татјана Алексовска на телефон: 02 3119-140; или на е-пошта:kodbrana@sobranie.mk

Click