Соопштенија

Петок, 7 јуни 2019 година

Јавна расправа по Предлогот на законот за урбанистичко планирање

Комисијата за транспорт, врски и екологија на 40. седница, на 10 јуни 2019 година, во 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа по Предлогот на законот за урбанистичко планирање.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе покани претставници од различни организации, институции, здруженија и асоцијации да учествуваат на расправата и да дадат свои мислења и ставови во врска со темата на јавната расправа.

За дополнителни информации, контакт на е-пошта: ktranspor@sobranie.mk.

Click