Соопштенија

Петок, 13 септември 2019 година

Одбележување на 15 Септември - Меѓународниот ден на демократијата

Клубот за младински прашања и политики при Собранието на Република Северна Македонија, поддржан од Националниот демократски институт (НДИ), по повод одбележување на 15 Септември - Меѓународниот ден на демократијата, организира настан на 16 септември 2019 година (понеделник), во 10:00 часот, во Кристалната сала во Собранието.

Настанот со поздравен говор ќе го отвори претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

На настанот е предвидено младинските организации да ги промовираат своите активности со промотивен материјал, како и обраќање на добитниците на наградата за изработка на апликација за пријавување насилство „Speak Out”,  организатори на „Fridays for the Future”, како и претставници од младинската организација КРИК, која е посветена и работи со лица и деца со попреченост.

Промотивните материјали од организациите ќе бидат изложени на главниот влез во Собранието.

Целта е со настанот да се даде на значење на различни форми на младински и граѓански активизам, како суштински елемент, без кој не постои ниту една демократија.

Се надеваме дека различните форми на активизам кои ќе бидат промовирани, како и промоцијата на активностите на младинските организации ќе придонесат сѐ повеќе млади луѓе да се активираат за разни општествени прашања.

Click